Никовски: Надвор од умот, Филипче буквално ги покани да не’ бомбардираат

Македонија се’ уште е во неверица по инфантилната изјава на „лидерот“ на СДС, кој луцидно „му укажа“ на стратешкиот партнер САД дека во Македонија демек владеел „режим“ ист како во Иран и Венецуела?! Јавноста се прашува, дали Филипче загрижен за својата слобода поради криминалните злодејанија во минатото јавно посакува САД да ја киднапираат Власта како во Венецуела, со 50-на мртви полицајци и војници или можеби има желба и за нешто поконкретно за Македонија, како бомбардирањата во Иран? Со оценка која е надвор од умот, Венко Филипче буквално ја покани Америка да интервенира и да не бомбардира, посочи поранешниот амбасадор Ристо Никовски во „За или против“ со Љупчо Цветановски, потсетувајќи дека за СДС ваквите методи не се нови. Сега ги нема УСАИД и Сорос, нема пари, па останува бомбардирањето како единствена можна опција некако да се вратат на власт. „Тоа е апсолутно јасно, Венко Филипче со една да ме извините, надвор од умот оценка, рече дека „режимот“ во Македонија е ист како иранскиот и со други зборови ја покани Америка да интервенира. Ова не е првпат од СДСМ, да се потсетиме  - имавме и шарена „револуција“ организирана од надвор. И што направија тие, ги донесоа неговите претходници на власт. Тоа не беше со бомбардирање, туку поинаку, со Сорос, тајни служби, финансии и дојдоа тие, ги донесоа. И што направија тие, ги извршија зададените задачи, напрвија едно разнебитување на Македонија, Нивици, Договорот со Бугарија за „непријателство“, тука има некаква логика. Така што, она што тој го вели е – тој буквално ги покани да бомбардираат, бидејќи го нема веќе УСАИД, го нема Сорос, нема пари“, посочи Никовски. Поранешниот амбасадор е категоричен дека Македонија не смее да прифати некаков „брз влез во ЕУ во 2027-та“, пропратен со прифаќање на  уценувачкиот внос на Бугарите во македонскиот Устав, чин кој СДС би го направиле со „две раце“ и на кое постојано инсистира и Филипче. Укажува дека главниот проблем е прифаќањето на небулозната преговарачка рамка, која едновремено ќе нанесе огромна штета на идентитетот, а од друга страна ќе стави и крај на македонските евроинтеграции. https://www.youtube.com/watch?v=PG0zC8pERxg&t=436s