Општина Aеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина. Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди. Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица. Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот. Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот. Подетални информации и потребните обрасци се достапни на линкот .