Малолетничка вознемирувана преку социјални мрежи и телефон од 23 годишник, ја следел додека се враќала од училиште

На 02.03.2026 во 19:10 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од кратовско, со кого се познавале од претходно. -Според пријавеното, одреден период лицето ја вознемирувало од различни телефонски броеви и од лажни профили на социјални мрежи, а истиот ден околу 16:50 часот, по завршување на наставата, ја следел од средното училиште во кое учела до автобуската постојка, информираат од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.