Во СВР Тетово денеска во 09:25 часот било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. -Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Лекар констатирал смрт, информираат од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.