Експертите објаснуваат дека постојаната уморност може да потекнува од различни фактори, како што се исхраната, стресот, здравствените состојби или животниот стил — не само од квалитетот на сонот. Некои од најчестите фактори што може да придонесат за трајна уморност се: -Недостаток на одредени витамини и минерали, како железо, витамин D или витамин B12; -Нездрави навики во исхраната, особено премногу шеќери и преработени храни; -Стрес и анксиозност, кои го нарушуваат квалитетот на одморот дури и кога спиете доволно; -Психолошки и емоционални фактори што влијаат на енергијата во текот на денот; Здравствени состојби како анемија, хормонски неправилности или хронични воспаленија, се гланви прочинители. Лекарите и нутриционистите советуваат да се обрне внимание не само на тоа колку спиете, туку и на квалитетот на исхраната, физичката активност, менталното здравје и можни медицински причини што може да влијаат врз нивото на енергија.