Како денеска изгледа Ормутскиот Теснец? Александра Спасеска 03.03.2026 / 15:09 Свет Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC) објави дека Ормутскиот Теснец е затворен за сообраќај и предупреди дека ќе ги нападне бродовите што ќе се обидат да поминат низ теснецот. Генералот на иранскиот корпус на револуционерната гарда, Сардар Џабари, се закани дека ќе „запали секој брод“ што ќе помине низ Ормутскиот Теснец. Џабари, исто така, рече дека сите нафтоводи ќе бидат нападнати и дека „ниту една капка нафта нема да го напушти регионот“. А дека Иран е сериозен покажува танкерот Athe Nova кој плови под знамето на Хондурас што гореше по нападот со беспилотно летало. Џабари предупреди дека цената на барел нафта ќе достигне 200 долари во наредните денови. Цените на нафтата пораснаа трет ден по ред денеска откако Иран се закани дека ќе пука во секој брод што ќе се обиде да помине низ Ормутскиот Теснец. Цената на сировата нафта од типот Брент од Северното Море се зголеми за 4,5 проценти утрово на 81,3 долари за барел. Ескалацијата на Блискиот Исток, исто така, ги зголемува цените на бензинот. Цените на европскиот гас се зголемија за повеќе од 20 проценти утрово на 52,00 евра за мегават-час, откако веќе пораснаа за околу една третина претходно во текот на неделата. Набљудувачите на пазарот укажуваат на ограничениот капацитет за складирање и прекинот на снабдувањето со течен природен гас од Катар. Ова потсетува на скоковите на цените во 2022 година, кога Путин ја започна руската инвазија на Украина. Ормутски Теснец Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On