Бразил без Родриго на СП2026

Бразилскиот 25-годишен репрезентативец Родриго претрпе сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено, што ќе го оддалечи од Светското првенство ова лето. Родриго влезе во игра во 55. минута од натпреварот на Реал Мадрид против Хетафе во понеделникот и кратко потоа се повреди, иако остана на теренот до крајот на натпреварот. Лекарските прегледи денеска го покажаа најлошото, а магнетната резонанца потврди дека Бразилецот ги скинал предните вкрстени лигаменти. Родриго, пред натпреварот против Хетафе, отсуствуваше од теренот речиси еден месец поради проблем со тетивата Светското првенство во јуни, а заеднички ќе го организираат Мексико, Канада и САД. (МИА)