ВИДЕО: Сабаленка кажа „ДА“, огромен дијамант блесна на нејзината рака

Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, му го кажа судбоносното „да“ на својот партнер Георгиос Франгулис. Бразилскиот бизнисмен со грчко потекло, со кого Сабаленка е во врска речиси две години, ѝ приреди романтично изненадување пред турнирот во Индијан Велс, каде што Белорусинката ќе се појави како прва носителка. Според објавите на социјалните мрежи, Сабаленка не очекувала предлог. За време на вечера покрај базенот, опкружена со свеќи, Франгулис клекнал на едно колено и го поставил големото прашање. По емотивното „да“, следеле прегратки и бакнежи. View this post on Instagram A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka) Вереничкиот прстен со голем дијамант привлече посебно внимание. „Ти и јас засекогаш“, напиша Сабаленка со датумот на предлогот и емотиконот на прстенот. Бројни честитки набрзо ја преплавија објавата, а реагираше и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, оставајќи три срца во коментарот, а неговата реакција брзо собра голем број лајкови и коментари. Сабаленка е четирикратна шампионка на Гренд слем и долго време е на врвот на ВТА листата.