Најстудено утрово беше во Берово, каде беа измерени -3 степени. Минусни температури имаше и во Маврово и Попова Шапка, каде беа измерени -1 степен. Во Битола и Скопје беа измерени 1 степен. Најтопло беше во Виница, Кавадарци и Гевгелија, каде беа измерени 4 степени. На Попова Шапка има 74 сантиметри снег. Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северните и северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.