Кац: Наследникот на Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“

Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека секој лидер назначен од иранскиот режим да го замени Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“. - Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да продолжи да го води планот за уништување на Израел, да ги загрозува САД и слободниот свет и земјите од регионот, и да го угнетува иранскиот народ, ќе биде недвосмислена цел за елиминација – изјави Кац во соопштение. - Не е важно како се вика или каде се крие – нагласи тој. Кац додава дека Израел ќе продолжи да дејствува со цела сила, заедно со американските партнери, „за да ги уништиме капацитетите на режимот и да создадеме услови иранскиот народ да го собори и замени“.