Фидан: Иранските неселективни напади на соседните држави е „неверојатно погрешна стратегија“

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, синоќа изјави дека иранските напади врз земјите од Персискиот Залив, како одговор на нападите на САД и Израел врз Иран, се „неверојатно погрешна стратегија“ што ја зголеми нестабилноста во регионот. „Иранското неселективно бомбардирање на сите овие места е неверојатно погрешна стратегија“, изјави Фидан за турскиот државен радиодифузер ТРТ Хабер. Тој оцени дека Техеран ја користи стратегијата „ако јас се удавам, ќе го удавам и регионот“. Фидан рече дека земјите нападнати од Иран можеби нема да можат да молчат ако нападите продолжат и дека ризикот од понатамошна ескалација на конфликтот е загрижувачки. САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, откако разговорите за иранската нуклеарна програма не успеаја да постигнат договор, што го натера Иран да возврати со воздушни напади врз Израел и соседните земји, велејќи дека тие станале цели поради присуството на САД и воените бази.