Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија

Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија Александра Спасеска 04.03.2026 / 10:45 Свет Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД имаат намера да го задржат своето воено присуство во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да го задржат своето воено присуство во Германија“, рече Мерц во Вашингтон по средбата со Трамп во Белата куќа, додавајќи дека ова е добра вест и дека не очекувал ништо помалку. Со оглед на критичкиот став на Трамп кон Европа, во последните месеци се шпекулираше дека тој би можел да ги повлече американските трупи од Германија. Мерц не разјасни дали Трамп ветил дека американскиот воен контингент ќе остане на сегашните нивоа. Германскиот канцелар истакна дека во разговор со својот американски колега во пресрет на самитот на НАТО во Анкара во јули, разговарал за тоа како подобро да се организира заедничко воено одвраќање во иднина, без да открие детали. „Трамп призна дека германската влада, исто така, презеде одредена водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО“, забележа Мерц, заклучувајќи дека САД ја почитуваат Германија и нејзините големи инвестиции во нејзината конвенционална војска. Германија САД Фридрих Мерц Доналд Трамп Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On