Јавното претпријатие за комунални дејности на општина Аеродром информира дека е во тек јавен оглас за изразување интерес за ангажирање лица за вршење јавни работи во текот на 2026 година, информираат од општината. Со огласот се повикуваат сите евидентирани невработени лица, социјално загрозени лица и пензионери што сакаат да се вклучат во активности од јавен интерес на територијата на Општина Аеродром. Ангажираните лица ќе бидат вклучени во следните активности: •одржување на јавната чистота (чистење јавни површини, празнење на канти за отпад, собирање лисја и гранки и сл.); •одржување на зелените површини и на парковите (косење трева и хортикултурни активности); •одржување улици, пешачки патеки и тротоари; Заинтересираните кандидати треба да пополнат и поднесат пријава во aрхивата на Јавното претпријатие во просториите на Општина Аеродром. Образецот може да се подигне во просториите на Општина или да се преземе електронски од официјалната веб-страница на следниов линк: http://aerodrom.gov.mk/vest/9540 Повеќе информации можат да се добијат и на телефонскиот број: 072 270 886. Општина Аеродром продолжува со унапредување на јавната хигиена, одржување на зеленилото и создавање поквалитетна, почиста и поуредена животна средина