Јавен повик за средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност

Општина Битола објави јавен повик за искористување на средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом. Согласно програма за социјална заштита на општина Битола во делот на адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом, односно адаптација, изградба или поставување на инфраструктура и опрема при адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом, преку субвенционирање на трошоците, во целост или делумно, за овозможување непречено движење и функционирање на индивидуата. Искористувањето на средствата е согласно Правилник за искористување на средства од програма за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата кој што заинтересираните лица можат да го најдат на веб страната на Општина Битола. Потребната документација и условите за пријавување може да се виде во самиот правилник или да се подигне од Општина Битола Бул. „1-ви Мај“ бр.61 на шалтер број 1. Периодот на пријавување е отворен во текот на цела година до целосно искористување на средствата. Повеќе детали на следниот линк .