Се јавија ли некрофилите од СДС? По „навика“ злоупотребуваат нечија смрт за дневно-политички поени

Не постои смртен случај во Македонија кој ја потресол јавноста, а кој СДС мизерно не го злоупотребил за освојување дневно-политички поени. Во моментот тоа се случува со самоубиство-убиството во скопски Карпош, каде мајка се самоуби фрлајќи се со своето дете. Истиот „крвоследнички“ и бескруполозен манир на СДС претходеше за Фросина, каде веднаш добија силна шлаканица од семејството и јавноста, која ги приземји залетаните партиските некрофили. И тогаш, истото го правеа и Левица, покажувајќи ја истата генеза и бескруполозна неолиберална матрица врз основа на која се создадени. Денеска, истото го продолжи десната рака на Филипче, Тренчевска: „Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР. Потфрлија центрите за социјална работа. Потфрли целиот институционален систем. Формалното постапување, игнорирањето на законските обврски и непостоењето на навремена реакција доведоа до најстрашниот исход – трагична смрт на мајка и дете. За жал, ова не е изолиран случа ј.“ го прочита Јована напишаното од Шмрчко. И повторно, Фројд проработе кај СДС. Погибијата во Карпош не е изолиран случај , тоа е точно. Ова е само дел од широката лепеза на злоупотреби на човечки судбини, исто како што тоа го правеа со трагедиите на Мартин Нешкоски и малечката Тамара, несреќата на Никола Младенов, убиените деца од „Монструм“, а одеа дури и газејќи врз погибијата на 8-те македонски бранители во Диво Насеље и со Заевци собираа мизерни полтички поени ширејќи тешки и нечовечки лаги. Сите овие случаи испаднаа конструкции на СДС и Заев, грда нехуманост која е белег на нивното дејствување во минатите години. А чуму Филипче, кој е поставен директно од Заев, би бил поинаков? Ваквата политичка некрофилија е резултат и последица на безидејноста и апсолутната потонатост во криминалот и корупцијата, на истите тие кои создадоа монструми од судство и обвинителство. Сега, кога страхуваат од исказот на Груби, имаат уплав од 41 тон марихуана, Модуларната, Онкологија и што ли не, смртта на мајката и ќерката во Карпош е вистинска  „посластица“ за некрофилите од пи-ар кујната на СДС, кои во повеќе наврати покажаа дека немаат срам ниту скрупули.