Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред, 2025 година ја завршуваме со кумулативен раст од 3,5%

Денес зборуваме со бројки, а бројките се најсилниот аргумент. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, економијата во четвртиот квартал од 2025 година порасна за 3,8 проценти. Тоа значи дека веќе шест квартали по ред имаме стабилен и континуиран економски раст, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Стојаноски посочи дека кумулативно, во 2025 година растот изнесува 3,5 проценти. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на внимателна економска политика, фискална дисциплина и поддршка на стопанството. Тој паша: Што значи ова на поедноставен јазик? Тоа значи повеќе економска активност. Повеќе изградени патишта, објекти, инфраструктура. Повеќе работа за компаниите. Повеќе извоз. Само во последниот квартал, извозот порасна за речиси 10 проценти. Градежништвото порасна за над 14 проценти. Ова не е раст само на хартија. Ова е раст кој се гледа на терен, додаде тој. -Буџетскиот дефицит го задржавме на проектираните 4 проценти, а јавниот долг е намален и изнесува 59,3 проценти од БДП. Тоа значи дека растеме, но одговорно. Не со задолжување без контрола, туку со стабилна политика. Дополнително, во првите два месеци од 2026 година капиталните инвестиции бележат трицифрен раст во однос на истиот период лани, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е јасен сигнал дека темпото не запира, туку се засилува. Свесни сме дека граѓаните чувствуваат притисок од трошоците за живот. Но растот на економијата е предуслов за повисоки плати, нови работни места и подобар стандард, додаде Стојаноски. Нашата порака е јасна: економијата расте, стабилно и одржливо. И ќе продолжиме со политики што создаваат вредност, инвестиции и сигурност за граѓаните и стопанството потенцира во изјавата Стојаноски. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=5h-P-PzUsYw[/embed]