Од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Се јави Таче, навистина се јави…

Ако се прашувавте каде е Димитар Ковачевски Таче, ако не спиевте ноќи мислејќи го и бдеевте измачувани бессони и окупирани со судбата на првиот октроиран претседател на СДС наместен од Заев (Венко е „втора мајка“, Јон Шмрчко веројатно „трета“), ако мислевте дека и ајванот кој го прифати Францускиот предлог со „две раце“  можеби избегал некаде (по Дубаи во Кенија на сафари ко некој) под тежината на враќањето на Груби и неговиот следен исказ, не се грижете, „секирајте“ уште помалку. Таче да ти бил тука, во Македонија, во собрание. По над година ипол „во илегала“, Таче ко наставник од комунизмот свика од собраниската говорница, длабоко загрижен за стандардот на граѓаните. Можеби и затоа толку го немаше, затоа што грижата за народот македонски го тиштела? Или, поверојатно,  резилот од дејствувањето во периодот дури беше првенец на Илинденска? Можеби, пак, Таче е јави за да го има, за да не го заборавиме пред Груби да каже нешто за него? Како и да е и што и да е, денеска Таче вресна: „Дали Комисијата за заштита на конкуренцијата е кадровски и технички екипирана за ефикасно извршување на оваа своја законска функција? Дали има вработени кои поседуваат искуство и знаење за спроведување на законот, односно дали во Комисијата за заштита на конкуренцијата се ангажирани соодветни кадри организирани согласно принципите на стручност, ефикасност и ефективност во работењето, кои ќе можат да се носат со идентификување на трговски практики кои ги прават големите ланци на супермаркети, а кои за тоа вработуваат обучен кадар чија основна работа е зголемување на продажбата и зголемување на профитот во интерес на нивниот работодавец?“ Инаку, овој „спорен“ Закон е дело на актуелната Влада, така што реакцијата на Таче по 20 месеци зимски сон може да се сфати и како комплимент за владата на Мицкоски. Да не псотоеше законот, Таче ќе немаше ни на што да реагира. Благодарение на овој закон го видовме. Останува дилемата, што ли некогашниот прв вицепремиер има да каже за својот шеф, премиерот Таче?