ДЗР: Неправилности во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, недостигаат 30 лаптопи, исплаќана плата без присуство на работа, финансирани здруженија и фондации

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството.