Израелски копнени сили денеска навлегоа во градот Хијам, како дел од засилената офанзива во јужен Либан, објави државната Либанската новинска агенција (ННА). Во меѓувреме, израелската армија нареди евакуација од јужниот дел на Либан, повикувајќи ги жителите да се повлечат северно од реката Литани. Наредбата е издадена на третиот ден од целосната воена операција против либанската група Хезболах, поддржана од Иран. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вчера и нареди на армијата да преземе контрола над дополнителни позиции во Либан. Либанското Министерството за здравство соопшти дека во израелските напади загинале десетици лица, а илјадници Либанци ги напуштиле домовите. Ескалацијата во Либан започна пред два дена. Хезболах отвори оган врз израелските позиции како одговор на атентатот врз иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во американско-израелскиот напад врз Иран. Портпарол на израелската војска изјави дека армијата во изминатите 48 часа погодила повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан.