ВИДЕО: Сабаленка не ја тргнува насмевката од лице по запросувањето, огромниот дијамант го покажува во секоја прилика

Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, го кажа судбоносното „да“ на својот партнер Георгиос Франгулис. Бразилскиот бизнисмен со грчко потекло, со кого Сабаленка е во врска речиси две години, ѝ приреди романтично изненадување пред турнирот во Индијан Велс, каде што Белорусинката ќе се појави како прва носителка. -Конечно можам да го наречам нешто друго...вереник, напиша Сабаленка објавувајќи фотографии од запросувањето. View this post on Instagram A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka) Вереничкиот прстен со голем дијамант привлече посебно внимание. Сабаленка не ја тргнува насмевката од лицето, а во видео објавено на WTA, вели дека запросувањето било вистинско изненадување кое не го очекувала во моментот, па шеговито додава дека тоа се гледа и по гардеробата која ја носела.