Апсење на македонска граница, фатено лице барано од Интерпол

Полицијата вчера на граничниот премин Блато го уапсила А.Б.(38) од Република Албанија. На 04.03.2026 во 15:05 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го лишија од слобода А.Б.(38) од Република Албанија. -При пасошка и гранична контрола, полициските службеници констатирале дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Унгарија, вели Димоски. Тој е пренесен во ОВР Дебар за понатамошна постапка.