Синот со нож го нападнал татко си: семејно насилство во Охридско

60-годишен маж бил нападнат од неговиот син во Охридско, соопшти полицијата. Имено, вчера во 11:40 часот во СВР Охрид, Г.Н.(60) од охридско село пријавил дека во својот дом физички со нож бил нападнат од неговиот син. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. Текстот Синот со нож го нападнал татко си: семејно насилство во Охридско е превземен од МАКФАКС .