Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина Александра Спасеска 05.03.2026 / 12:28 Тенис Шампионката на Австралија Опен, Елена Рибакина, се најде во центарот на вниманието по инцидентот што се случи за време на доделувањето на трофејот на егзибициски турнир во Индијан Велс. Инцидентот се случи откако Рибакина и нејзиниот партнер во мешани двојки, Тејлор Фриц, го освоија Купот Ајзенхауер, за кој беа наградени со 200.000 долари. Додека позираа со трофејот, Дејвид Ренкер, потпретседател на Eisenhower Health, ја стави раката зад грбот на тенисерката и почна да ја спушта кон нејзиниот струк. Третата тенисерка во светот реагираше веднаш, туркајќи му ја раката и фрлајќи му остар поглед, по што тој се повлече. Where are the WTA, Pam Shriver and the other woke pundits now. They allegedly care about Rybakina This old fella is clearly inappropriately touching Elena pic.twitter.com/QTwSsgfiFD — Nick Ally ✝️ (@nick_ally1986) March 4, 2026 Настанот предизвика лавина од негативни коментари на социјалните мрежи, каде што потегот на Ренкер беше едногласно осуден како несоодветен. И покрај инцидентот, казахстанската тенисерка останува фокусирана на главниот турнир во Индијан Велс, каде што се смета за една од главните фаворитки. Рибакина сè уште не се огласила јавно за овој настан, но сподели фотографии со Тејлор Фриц на своите профили, славејќи го својот успех на егзибицискиот турнир. Елена Рибакина Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On