Жичарата на Водно престанува со работа

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје известува дека жичницата на Водно нема да биде во функција поради невреме. -Најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, велат од ЈСП Скопје.