Вкупно 767 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип во Македонија, евидентира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во деветата недела од 2026 година, од 23 февруари до 1 март. Тоа, како што рече денеска директорката на Институтот, Марија Андоновска, во споредба со претходната недела е 31,1 отсто помалку или намалување за 20,4 проценти во однос на бројот од последните 15 сезони. -Во последните недели се забележува тренд на намалување на бројката и можеме да кажеме дека регистрираната инциденца е во рамки на ниската активност, истакна Андоновска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања. (МИА)