Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата, Мицкоски бара начин да се намали ударот врз граѓаните

Стабилна и мирна е безбедносната состојба по воените дејствија на Блискиот Исток, уверува премиерот Христијан Мицкоски, но смета дека се можни економски предизвици во иднина. На седницата на Советот за безбедност организирана од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, премиерот вели дека направиле анализа врз основа на информациите што ги добиле од службите и од министерствата за одбрана и за внатрешни работи.