Панел дискусија за раст на економијата и економска сигурност на граѓаните

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министрите за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гордана Димитриеска Кочоска и Цветан Трипуновски ќе учествуваат на панел дискусијата на тема „Раст на економијата - економска сигурност на граѓаните“ што ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева. Панел дискусијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата, а ќе се емитува и на официјалниот „Јутуб“ канал на Владата. По панел дискусијата ќе следи сесија за поставување на прашања од страна на новинарите.