Андоновски: „Кликни безбедно“ – за побезбеден интернет за нашите деца

Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес присуствуваше на промотивното прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет. Ова е последната активност со која се завршува Месецот на побезбеден интернет и нашиот европски проект MKSafeNet. -Филмот е наменет за најмладите и има за цел на едноставен и разбирлив начин да ја доближи важноста на дигиталната писменост, како и безбедното, одговорно и етичко користење на интернетот. Во време кога децата сè порано се среќаваат со дигиталниот свет, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици, изјави Андоновски. Тој потенцира дека ваквите иницијативи се особено важни – тие ја поттикнуваат соработката меѓу институциите, училиштата и родителите, со заедничка цел: побезбеден интернет за секое дете. Анимираниот филм ќе биде достапен во сите училишта низ Македонија, а ќе имаат можност да го прикажуваат и сите телевизии. Министерството за дигитална трансформација останува посветено на политики и проекти кои ја зајакнуваат дигиталната писменост и онлајн безбедноста, особено кај младите генерации, додаде Андоновски. „Кликни безбедно“ – за побезбеден интернет за нашите деца Денес присуствував на промотивното прикажување на... Posted by Стефан Андоновски on Friday, March 6, 2026