Иран тврди дека погодил американски нафтен танкер во близина на Кувајт

Вооружените сили на Иран соопштија дека нападнале нафтен танкер во близина на брегот на Кувајт. Пловилото, опишано како „во сопственост на САД“, било погодено и се запалило, јави државното радио, повикувајќи се на централната команда. Според истиот извор, повторно биле извршени напади со напредни ракети врз цели во Израел и врз позиции на САД во државите од Персискиот Залив. Меѓу употребеното оружје била и ракетата Khorramshahr-4, која носи боева глава тешка околу две тони, се наведува во извештајот.