ФОТО+ВИДЕО: Властите ги предупредија инфлуенсерите во Дубаи: Ако го прекршат ова правило, ќе завршат во затвор!

Додека Дубаи беше погоден од ирански ракети минатата недела, бројни инфлуенсери што живеат во Eмиратот испратија пораки до своите следбеници за животот во „најбезбедната земја во светот“. Меѓутоа, зад гламурозните видеа и изразите на солидарност со властите, корисниците на социјалните мрежи се ограничени од сè построгите закони според кои изразувањето несогласување или ширењето „дезинформации“ во Обединетите Арапски Емирати (ОАР) може да заврши во затвор. Речиси една недела, жителите и туристите во Дубаи се во состојба на висока готовност бидејќи луксузните хотели, аеродромите и другите згради се погодени од остатоци од пресретнати ирански ракети. Остатоци го погодија хотелот „Фермонт“ на познатиот вештачки остров Палм Џумеира во минатата саботата, а снимките покажуваат пламен во атриумот на зградата. Следното утро, делови од втора ракета паднаа во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи, а забележани биле оштетувања и на другите локации како што е хотелот „Бурџ Ал Араб“. „Вака изгледа безбедноста“ И покрај хаотичните сцени, познатите инфлуенсери инсистираа дека нема причина за паника. Многумина објавија видеа со ист вовед: „Живееш во Дубаи, зарем не се плашиш?“ Во едно вирално видео, инфлуенсерката Џули I, која има повеќе од 60.000 следбеници, се прикажува себеси исплашена, а потоа снимката се префрла на владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, велејќи: „Не, бидејќи знам кој нè штити“. Слични објави споделија и други, како што е Канвал Кан, кој се опишува себеси како лиценциран инфлуенсер во земјата. @julisjoking Seeing this happen around us feels surreal. There's a lot going on right now, and it's easy to feel overwhelmed. But in moments like this, all we can really do is stay calm, stay informed, and trust that the authorities are handling the situation. ?️ Focus on what's in our control - being with our families, checking in on loved ones, and keeping faith. Some things are bigger than us, and that's when we choose trust over panic. Stay safe everyone. ❤️ #iran #dubai #war #middleeast #news ♬ orijinal ses - snowbo.art Познати личности како поранешната британска риалити ѕвезда Вики Патисон им порачаа на следбениците дека прикажувањето на „бомбардирањето во Дубаи“ било „хиперболично“, додавајќи: „Бевме советувани преку владини канали дека ракетите биле компетентно и ефикасно пресретнати и дека штетата ја предизвикале остатоците што паѓале“. View this post on Instagram A post shared by Abhisoni (@abhisoniyyyyyy) Милионерката Петра Еклстон (ќерка на Славица и Берни Еклстон) објави: „Вака изгледа безбедноста. Вака изгледа отпорноста. Ова се ОАЕ“. Луиза Зисман, уште една риалити ѕвезда, рече дека слушнала борбен авион и додаде: „Тие се толку добри во пресретнувањето на ракети… Тоа е најбезбедната земја во светот“. Џули I подоцна ги отфрлила обвинувањата дека ОАЕ ѝ платиле за објавата, велејќи дека е „платена“ за безбедноста и можностите што ги добила во Дубаи. Владино предупредување и (само)цензура Меѓутоа, властите на ОАЕ ги предупредија инфлуенсерите дека би можеле да се соочат со затворска казна ако објават содржина за ескалацијата на конфликтот со Иран, објави британски „Телеграф“. Канцеларијата на јавното обвинителство издаде соопштение во кое се предупредува за „објавување или ширење гласини и информации од непознати извори“. Во соопштението се наведува дека ваквите дејствија можат да предизвикаат „конфузија и да нанесата штета на безбедноста и стабилноста на општеството“, како и дека „ширењето гласини е кривично дело“. Ова предупредување ги поттикна некои инфлуенсери да го отстранат видеото од своите профили на социјалните мрежи. Една инфлуенсерка за животен стил, која има милиони следбеници, избриша видео од запалени остатоци од проектили пред својот стан. „Властите во Дубаи сакаат да го контролираат наративот, тоа е сигурно. Тука постојат строги правила за тоа што смееш да кажеш“, рекла таа за „Телеграф“, додавајќи дека го отстранила видеото „од почитување кон правилата на ОАЕ“ откако сфатила дека корисниците на социјалните мрежи „мора да бидат многу внимателни со тоа што го кажуваат“. Рестриктивни закони за говор Полититиколозите истакнуваат дека режимот одржува цврста контрола врз наративот преку строги закони што им овозможувааат на властите да ги затворат неистомислениците. Властите порачале дека објавите што се сметаат за штетни за „јавниот ред“ или угледот на земјата може да резултираат со казни до 77.000 долари, па дури и казна затвор. Рада Стирлинг, адвокатка за човекови права и основач на „Дитајнд“ во Дубаи, рекол дека ОАЕ имаат „некои од најрестриктивните закони за говор во светот“. Нивното законодавство за сајбер-криминал ја криминализира секоја онлајн содржина што се смета за штетна за угледот на државата. „Формулацијата на законот е намерно широка, што значи дека речиси сè што е критично кон владината политика или регионалниот конфликт може да се протолкува како кривично дело. Посетителите се особено ранливи бидејќи често претпоставуваат дека се заштитени од стандардите за слобода на говорот на нивната матична земја. Тие не се“, рекла Стирлинг. Нејзината организација им помогнала на бројни странски државјани кои биле кривично гонети поради објави на социјалните мрежи. Дубаи – престолнина на инфлуенсерите Дубаи е познат како светска престолнина на инфлуенсерите, со околу 50.000 жители кои живеат во градот, уживајќи статус на ослободени од данок и други придобивки. Државата нуди 10-годишна „златна виза“ специјално за нив и ја финансира иницијативата „Креаторс ХКју“, која им обезбедува сè, од простор за снимање до деловно вмрежување. Инфлуенсерите кои сакаат да ја монетизираат својата содржина, исто така, мора да добијат дозвола од владата. View this post on Instagram A post shared by Juli E. (@julisjoking) Се верува дека овој став ја поттикнал самоцензурата кај креаторите на содржини. „Во таква средина, претежно позитивното прикажување на животот во ОАЕ не треба да биде изненадување. Кога критиката носи ризик од затвор, луѓето брзо учат што смеат, а што не смеат да кажат“, рекла Стирлинг.