ПРИВАТНИОТ СЕКТОР СЕ ОХРАБРИ ДА ИНВЕСТИРА: Растот на градежништвото е сигурност и поттик за идни инвестиции

Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани се многу охрабрувачки, даваат силен сигнал за стопанството, сигурност, но и поттик за идни инвестиции, што ќе придонесе за уште поголем раст на БДП во идниот период, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, што се одржa денеска во Владата.