Израел нападна либански град под заштита од УНЕСКО

Израел го нападна древниот либански град Тир, убивајќи најмалку едно лице во област во близина на локалитет заштитен од УНЕСКО. Нападот се случи на петтиот ден од судирите меѓу Израел и Хезболах, објавија државните медиуми и АФП.