Семејното насилство е тема која не може да се согледува само низ статистика. Бројките се важни затоа што ни помагаат да ги препознаеме трендовите и предизвиците, но зад секој предмет стои конкретна жртва и реална потреба од институционална заштита, истакна в.д. јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство” што се одржа денеска, во организација на Министерството за внатрешни работи.