Говорот на Обама во кој остро го критикуваше Трамп ќе се памети долго време

Говорот на Обама во кој остро го критикуваше Трамп ќе се памети долго време Александра Спасеска 07.03.2026 / 10:50 Свет Зборувајќи на комеморацијата за долгогодишниот активист за граѓански права Џеси Џексон, поранешниот американски претседател Барак Обама потсети дека претседателските кампањи на Џексон во 1980-тите отворија врата за нова генерација политички лидери во САД, вклучувајќи го и неговиот сопствен политички подем. Тој рече дека пораката на Џексон била моќна за секој што се чувствувал како аутсајдер во американското општество. Потсетувајќи се на својата младост, тој рече дека во кандидатурата на Џексон видел доказ дека во американската политика има место за оние надвор од владејачката структура. Обама, исто така, посвети дел од својот говор на моменталната политичка клима во САД. „Живееме во време кога е тешко да се има надеж. Секој ден се будиме со некаков нов напад врз нашите демократски институции, со нов неуспех за идејата за владеење на правото и навреда на основната пристојност. Секој ден слушаме луѓе на високи позиции како ни велат дека треба да се плашиме едни од други“, рече Обама. Тој предупреди на напади врз демократските институции и ширење на политичка реторика што влева страв кај граѓаните, алудирајќи на влијанието на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото политичко движење. Обама потсети дека Џексон, преку идејата за „Коалицијата виножито“, се обидел да собере широка коалиција на општествени групи од работници и земјоделци до малцинства и активисти за да се спротивстават на неправдата и политичките поделби. Во својот говор, тој се осврна и на поширокиот глобален контекст, нагласувајќи дека политичките поделби во САД доаѓаат во време кога земјата се соочува со сериозни кризи во светот, вклучувајќи ги и долготрајните конфликти на Блискиот Исток, особено меѓу Израел и Палестина. Обама рече дека оние на власт го користат стравот за да ги принудат луѓето да се свртат едни против други, предупредувајќи дека на некои Американци им се вели дека вредат повеќе од другите, додека некои се дури и безвредни. Портпаролот на Белата куќа, Стивен Чунг, изјави за Daily Mail: „Барак Хусеин Обама е дрзок идиот кој очигледно страда од тешка и разорна форма на синдром на Трампово растројство што му го уништи мозокот. Тој е целосен срам за целата болка што ја предизвика во оваа земја и историјата нема добро да му суди.“ САД Барак Обама Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On