Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк - дело што претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од VII до XV век. Книгата ги опфаќа најзначајните иконографски типови на Богородица, нивниот теолошки, историски и уметнички контекст, како и нивната улога во византиската и западната традиција.