Иранските државни медиуми денеска објавија големи штети низ целата земја по ноќните американско-израелски воздушни напади, вклучително и на две болници во југозападната покраина Хузестан. Според државната телевизија, медицинскиот центар Рази во градот Ахваз и болницата Имам Али во Андимешк биле сериозно оштетени. Државниот радиодифузер, исто така, објави дека цел на падите би и еаеродромот Мехрабад во западен Техеран. Погодени се и воени објекти во Техеран, како и во централен, западен и северозападен Иран. Израелската армија (ИДФ) утрово објави дека започнала нов, втор голем бран напади врз Техеран и Исфахан. - Армијата започна голем бран напади врз инфраструктурата на терористичкиот ирански режим во Техеран и Исфахан, се вели во соопштението. Претходно, ИДФ објави дека синоќа нападнале цели во Техеран, вклучувајќи подземно складиште за балистички ракети и вишото воено училиште на Корпусот на иранската исламска револуционерна гарда, Универзитетот Имам Хусеин. Израелските сили ги нападнале Техеран и Централен Иран со над 80 авиони.