Историски момент за македонското алпско скијање: Ева Милевска - прва Македонка во спуст и супервелеслалом на Светското јуниорско првенство

Како што објави Скијачката федерација на Македонија, нашата скијачка Ева Милевска ќе испише историја како прва македонска скијачка која ќе настапи во брзите дисциплини – спуст и супервелеслалом – на Светското јуниорско првенство во алпско скијање.