Македонските фудбалерки остварија убедлива победа против Андора

Македонската женска фудбалска репрезентација денес славеше убедлива победа над Андора со 3:0. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола головите ги постигнаа Галабовска, Мејер и Грозданова. Ова беше натпревар од квалификациската група за пласман на Светско првенство и прва победа за „црвено-жолтите“.