Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран денеска ќе биде „силно погоден“, додавајќи дека земјата веќе е „жестоко опустошена“ по американските и израелските напади. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно им се извинил на земјите од Персискиот Залив и на други држави за нападите извршени на нивна територија. „Ова извинување беше дадено поради безмилосните американски и израелски напади“, напиша Трамп, обвинувајќи го Иран дека се обидува да „го преземе и контролира Блискиот Исток“. „Иран повеќе нема да биде ‘насилникот на Блискиот Исток’, туку ‘губитникот на Блискиот Исток’. Така ќе биде многу децении, сè додека не се предадат или, поверојатно, целосно не ‘се распаднат’“, додаде тој. Американскиот претседател изјави и дека уште ирански високи претставници би можеле да станат цел на нови напади.