Мисајловски со честитка по повод 8. Март, Меѓународниот ден на жената

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, по повод Меѓународниот ден на жената испраќа честитка до сите жени, припаднички во составот на македонската Армија и во Министерството за одбрана. Во продолжение честитката од министерот Мисајловски: "По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, упатувам искрени честитки до сите жени, припаднички на Армијата и Министерството за одбрана. Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста. Со својата професионалност, посветеност и одговорност, тие секојдневно придонесуваат за јакнење на капацитетите на Армијата и за заштита на безбедноста на нашите граѓани. Нивниот ангажман и лидерство се силен доказ дека одбраната е област во која знаењето, способноста и храброста се поважни од сѐ. Министерството за одбрана останува посветено на создавање еднакви можности, поддршка на професионалниот развој и унапредување на улогата на жените во одбранбениот сектор. Ви благодарам за вашиот придонес, професионализам и посветеност во службата. Среќен 8 Март!", пишува во честитката Мисајловски.