Земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала, чиишто епицентар потекнува од Грција, рано утринава беше почувствуван во повеќе делови од западна Македонија. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил регистриран во 4 часот и 32 минути, а епицентарот се наоѓа на околу 200 километри јужно од Скопје. […] Текстот Силен земјотрес од 5,5 степени во Грција, почувствуван и во Охрид, Струга и други делови од западна Македонија е превземен од МАКФАКС .