ДВЕ ИПОЛ години затвор, ова е скандалозната казна која Кривичниот суд и ја досуди на Гордана Филиповиќ која пред 4 години на пешачки премин во скопје го прегази Слободан Ангеловски. Ова се случува по цели три години голгота за семејството на Слободан Ангеловски кој на пешачки премин беше прегазен во Скопје кај МНТ на 26-ти јануари 2022-ра година, случај во кој неговите најблиски единствено што бараа е правда. Но наместо тоа, доживејаа само низа скандали, кои завршија со пресуда под минимумот, кој изнесува ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР за вакво дело. Судскиот процес се развлекуваше, оддолжуваше, а рочиштата постојано се презакажуваа, судењето почнуваше постојано од почеток. И покрај сево ова, правдата не е блиску до задоволена. Во изјава за Курир, од семејството на чичко Слободан велат дека се разочарани од пресудата на Кривичниот суд, но и дека тие не можат да се жалат на одлуката. Се надеваат дека тоа ќе го стори Јавното обвинителство, кое мора да биде свесно дека ова не е правда. Уште една мизерна пресуда на македонските судови, пандан на онаа за прегазената на пешачки Теодора во Тетово, убиениот моторџија Гоце кај Млечен во Скопје и дузина други примери како не треба да се третира правдата во Македонија.