СДС и кажувањата на раководството предводено од Венко Филипче се демантирани секој ден. И тоа демантирани се од релевантни изјави, релевантни институции. Но, на СДС како да не им се слуша, и секој ден оттаму повторуваат само лаги, сопшти ВМРО-ДПМНЕ. Конкретно, Државната комисија за борба против корупцијата ги демантираше нивните лаги што се однесуваат на Ивица Томовски. Антикорупциската комисија не утврди судир на интереси кај директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Томовски со фирмата Сити аутсорсинг. СДС тврдеше дека е на неговиот татко и дека добила 161 тендер од различни државни институции во вкупна вредност од 5,3 милиони евра, додаваат од партијата. Но, и оваа лага падна во вода. Ама како да му доаѓа памет на раководството на СДС предводено од Филипче кој е доследен ученик на Зоран Заев, лик кој е основач на политиката на кражба за народот со цел луксузно да живее, додаваат од владејачката партија. Лагите се една од многуте причини што СДС се движи кон пропаст и невиден пад на доверба која ја имаше некогаш оваа партија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.