Од сонце, на дожд и снег: Заладување од вторник

Од сонце, на дожд и снег: Заладување од вторник Александра Спасеска 16.03.2026 / 08:04 Македонија Денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18°C. Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17°C. По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник, 17 март, до петок претпладне, 20 март, територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од југоисточен а во западните предели од североисточен правец. Поради заладувањето на планините  и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег  и ќе се формира снежна покривка а повремено снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, тоа значи дека повремени врнежи од снег ќе има  и во повисоките населени места па  и во дел од градовите особено во западните  и во северните предели од Македонија. Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повеќе облачност и повремени врнежи од дожд а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурите позначително ќе се намалат. временска прогноза Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On