Дали француските европратеници знаат да го покажат Иран на мапа?

Дали француските европратеници знаат да го покажат Иран на мапа? Александра Спасеска 16.03.2026 / 08:28 Свет Неколку француски европратеници не можеа да го лоцираат Иран на слепа мапа во анкета спроведена на почетокот на март. Во ходниците на Европскиот парламент во Стразбур, европратениците посочија кон Бугарија, Турција, Авганистан и Саудиска Арабија наместо кон Иран. Снимката, објавена од емисијата Quotidien на 2 март, стана вирална на социјалните мрежи овој викенд, додека војната на Блискиот Исток влегува во својата трета недела. Францускиот министер за европски прашања Бенжамен Хадад се обиде да го одвлече вниманието покажувајќи кон Ормутскиот Теснец. Социјалистичката европратеничка Ема Рафович посочи кон Бугарија, додека нејзината колешка од центристичката партија Ренесанса, Фабиен Келер, го смести Иран во Турција. Европратеничката од Зелените, Мари Тусен, по малку двоумење, го избра Авганистан, додека нејзиниот партиски колега Давид Корман посочи кон Саудиска Арабија. „Никој од нас не знае сè, правиме најдобро што можеме. Мораме да се справиме со многу теми и затоа не сме одење енциклопедии, се обидуваме да бидеме информирани“, рече тој. On day 15 of the war, many European politicians can't even place Iran on the map: pic.twitter.com/4MkwruL9lI — Bashkarma (@Karmabash) March 14, 2026 Жестоки реакции Таквото незнаење предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Откако видеото стана вирално, на критиките се придружи и европратеничката Манон Обри, која одговори правилно на прашањето. „Овие грешки би биле смешни доколку Европскиот парламент не мораше да одлучува за тековна војна... Сега подобро разбирам зошто некои се двоумат да ја осудат!“, напиша таа. Заедно со Обри, точниот одговор го знаеја и Жордан Бардела од крајно десничарската партија Rassemblement national, Рафаел Глуксман од централнолевичарската партија Place Publique и Натали Лоазо од центристичката партија Renaissance. Франција Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On