Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Данил Медведев синоќа во финалниот натпревар на турнирот Индијан Велс. Во меч што траеше 1 час и 58 минути Синер двата сета ги доби на тај-брејк со 7:6 (8-6) и 7:6 (7:4). Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи две двојни грешки и не реализираше ниту една од две брејк топки. Триесет годишниот Медведев (рангиран број 11 во светот) сервираше седум аса и направи две двојни грешки. Синер го освои својот шести АТП 1000 турнир. Тој има вкупно 25 титули во кариерата. Медведев го претрпе својот петти пораз во финалето на Мастерс 1000, освојувајќи шест од нив, и има вкупно 23 титули во кариерата. (МИА)