Ова е едноставно и хранливо домашно јадење подготвено од свеж спанаќ, ориз и јајца. Комбинацијата на зеленчук и ориз дава лесен, но заситувачки оброк, а јајцата додаваат дополнителен вкус и хранливост. Рецептот е идеален за семеен ручек и може лесно да се прилагоди и како посна варијанта. Состојки: 1 кг спанаќ 2 страка праз 100 грама ориз 1 лажичка сол бибер по вкус 250 мл вода 4 јајца малку масло Подготовка: Спанаќот исчистете го, добро измијте го и исечкајте го. Ставете го во цедалка за да се исцеди вишокот вода. Празот ситно исечкајте го и пропржете го на малку масло додека да омекне. Додајте го спанаќот, поклопете и динстајте на тивок оган додека да му се намали волуменот. Потоа додајте го измиениот ориз, солта и биберот, добро измешајте и динстајте уште една минута. Налејте ја водата, израмнете ја смесата и ставете ја тавата во загреана рерна на 220°C без капак. Печете додека водата целосно не испари. Извадете ја тавата од рерна, скршете ги 4-те јајца одозгора и вратете ја повторно во рерната. Исклучете ја рерната – јајцата ќе се испечат од преостанатата топлина. За посна варијанта, јајцата може да се изостават.