Лапорта убедливо победи, останува претседател на Барса Александра Спасеска 16.03.2026 / 10:59 Фудбал Жоан Лапорта ќе остане претседател на актуелниот шпански шампион, Барселона. Ова беше одлуката на членовите на клубот на изборите во неделата, на кои листата Defensem el Barça доби 32.934 гласови, или 68,18%. Ова значи дека Лапорта ќе ја предводи Барселона по четврти пат, откако веќе беше претседател од 2003 до 2010 година, и повторно од март 2021 година, кога освои 30.184 гласови (54,28%). Противникот Виктор Фонт доби 14.385 гласови (29,78%), додека 984 гласачки ливчиња беа празни (2,04%). Un vot per continuar fent història al millor club del món ❤️ @JoanLaportaFCB #DefensemElBarça pic.twitter.com/zN3PiOYmf4 — Defensem el Barça (@defensemelbarca) March 15, 2026 Зборувајќи по објавувањето на резултатите, Лапорта рече дека овој резултат му дава на клубот огромна сила. „Никој нема да нè запре. Пред нас се возбудливи години. Ќе бидат најдобрите во нашите животи. Ова е прекрасен клуб каде што членовите избираат претседател и одбор на директори. Клуб уникатен во светот, навистина извонреден“, рече Лапорта во својот победнички говор. Тој, исто така, им се заблагодари на членовите кои гласаа, нагласувајќи дека тоа е „прослава на демократијата и граѓанскиот дух“, и ги пофали раководството и персоналот на клубот за организирањето на денот на изборите. За потсетување, Лапорта е роден на 29 јуни 1962 година во Барселона. Дипломирал право на Универзитетот во Барселона и магистрирал корпоративно право и даночно консултирање на Универзитетот Абат Олиба ЦЕУ. Тој е основач и сопственик на адвокатската канцеларија Laporta & Arbós Advocats Associats, член е на Адвокатската комора на Барселона и е покровител на фондацијата основана од легендарниот играч и тренер Јохан Кројф. Барселона Жоан Лапорта Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On