63 празни столчиња за 63 згаснати животи поставени во паркот во Кочани

63 празни столчиња за 63 згаснати животи поставени во паркот во Кочани Александра Спасеска 16.03.2026 / 12:10 Македонија Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани почна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Денеска во НЦУК „Бели Мугри“ ќе се одржи комеморативен настан во спомен на загинатите во пожарот во Кочани. Највисоките државни и локални претставници, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, присуствуваа на комеморативната церемонија во Градскиот парк во Кочани и се потпишаа во книгата на жалост. Викендов со различни настани беше одбележана годишнината од трагедијата. Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани беше промовирана книгата „Ќе те има“, од авторката Марина Стојчевска. Како што беше истакнато на промоцијата, станува збор за стихови посветени на сите починати млади луѓе во трагичниот пожар од 16 март 2025, а инспирирани од Спире Стоименов, апсолвент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство во Скопје. Вчера во Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа и настанот „Кочани ви благодари“, посветен на изразување почит и благодарност до сите што помогнаа во лекувањето и заздравувањето на повредените во трагичниот пожар. На настанот беа доделени благодарници на медицински установи, екипи и поединци од државата и од странство, кои со својата стручност, пожртвуваност и хуманост дадоа значаен придонес во грижата за повредените по трагедијата. Во културно-уметничкиот настапоија Симон Трпчевски, Игор Дурловски, Јована Зајкова, Бобан Русески, Зарина Првасевда… Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On