[ФОТО] Гитаристот на ДНК се сретна со лекарите од болницата „Папаниколау“ во Солун: Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој е еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на денешен ден пред една година, се заблагодари на медицинскиот персонал од болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по пожарот.